Кинеската вселенска програма CNSA откри сигнали на вода директно од површината на Месечината, благодарение на лунарната сонда Chang’e -5.

Новото откритие претставува уште едно значајно достигнување за CNSA, програма која амбициозно оди напред пред две историски вселенски суперсили – САД и Русија.

Во изминатите години, благодарение на бројни орбитални опсервации и мерења, откриено е дека постои вода на Месечината. Минатата година калифорниската компанија Masten Space System соопшти дека развива роботски ровер кој ќе може да рудари лед на Месечината за да обезбеди вода и кислород за идните станици.

Според кинеската вселенска програма, ровер или лунарна сонда досега никогаш не откриле вода на Месечината. Во ново истражување објавено во Science Advances научници детално опишаа како лунарната површина на местото на слетување на сондата содржи помалку од 120 грама вода по тон. Сите отчитувања се многу помали отколку на Земјата, но се потврдува постоење на вода во близина на сондата.

Chang’e-5 користи минералошки спектрометар за мерење спектрални рефлексии и карпи. Резултатите се во склад со првата анализа од примероци на карпи земени со помош на сондата.

Извор: Klix.ba