Компанијата Apple го најави датумот на својата Светска конференција за програмери (WWDC), на која ќе ги претстави новите верзии на оперативните системи за iPhone, iPad, Mac, Apple Watch и многу друго. Конференцијата ќе почне на 22. јуни, а тоа воедно ќе биде и датумот на главната презентација, на која обично Apple ги прикажува новите ажурирања на софтверот и некои нови производи.
Конференцијата прв пат ќе се одржи онлајн, а програмерите се повикани настанот да го следат од своите домови. Обично на WWDC програмери доаѓаат во Калифорнија од целиот свет, но тоа е откажано поради пандемијата на коронавирусот.
Apple не даде прецизни детали како ќе изгледаат овие настани преку интернет, но јасно е дека ќе ја одржи редовната Keynote презентација, во текот на која ги презентира новите верзии на своите софтверски платформи, а повремено открива и нови хардверски производи.
WWDC конференцијата е преполна со стручни говорници и програмери, а виртуелниот настан нема да биде ништо поинаков. Преку сесиите и презентациите, учесниците ќе можат да научат како да ја користат технологијата на Apple за изработка на своите најиновативни апликации досега.
„WWDC20 ќе биде најголема досега, за да дознаевем повеќе за иднината на платформата на Apple. Едвај чекаме во јуни да се сретнеме преку интернет со глобалната заедница на програмери и да ги поделиме со нив новите алати на кои работиме за да им помогнеме да креираат уште поневеројатни апликации и услуги“, вели во соопштението шефот на маркетинг на Apple, Фил Шилер.
Apple исто така најави дека ќе одржи натпреварување во Swift Playgrounds, својата iPad апликација за едукација на децата за програмирање. Понатамошните информации ќе бидат достапни преку Apple Developer апликацијата, наведува компанијата од Купертино.