Претседателот на германскиот институт „Роберт Кох“, Лотар Вилер денес изрази уверување дека ќе има втор бран на коронавирусот.
„Знаеме со голема сигурност дека ќе има втор бран“, нагласи Вилер на прес-конференцијата наменета за корона мобилната апликација, истакнувајќи дека е потребно подолго време за да се развие апликација која треба да ги следи контактите на заразените.
Тој укажа на тоа дека што повеќе инструменти, поголеми се шансите за совладувањена вториот или дури и третиот бран на Ковид-19. Кога станува збор за вториот бран, Вилер нагласува дека подготовките за тоа засега се добри.
„Направивме многу. Справувањето со болеста стана подобро. Исто така, ќе имаме и подобри средства за терапија Докторите сега знаат како подобро да се справат со тие пациенти“, објасни тој.
Вилер ја нагласи потребата од конкретни мерки за справување со можниот втор бран на вирусот.
Говорејќи за конкретни бројки, Вилер наведе дека во изминатите денови бројот на новозаразени опаднал на од 700 до 1000, а репродуктивниот фактор на вирусот е 0,71. Сепак, тој нагласи дека бројката на починати како последица на Ковид-19 и натаму е висока.
„Имаме раст на процентот на починати кој моментално изнесува 4,2%“, изјави Вилер.
Запрашан за Хајнсберг студијата врз чии основи е направена проценка дека во Германија бројот на заразени би можел да изнесува 1,8 милиони, Вилер истакна дека тоа е валидна студија, но дека не може да се примени на цела Германија.
„Станува збор за конкретно жариште. Податоците поради тоа можат да се применат само на тоа место. Добра вест е што смртноста на тоа место е 0,37. Сите сакаме стапката на смртност да биде ниска“, изјави тој.
Извор: Telegraf.rs