Д-р Ендру Добсон, специјалист за инфективни болести и професор по еволутивна биологија на Универзитетот Пристон, во интервју за Yahoo наброил пет работи со кои може да избегнеме да се заразиме со делта сојот на коронавирусот.

1. Вакцинирајте се

„Единствената алтернатива на невакцинирањето е сериозна болест или смрт од Ковид-19 поради тоа што оваа варијанта не е крај на пандемијата ниту на вирусот. Поголемиот дел од вакцинираните луѓе не развиваат тешка клиничка слика како последица на инфекцијата на делта сојот, а 99,9 отсто од луѓето немале реакција на самата вакцина“, вели д-р Добсон, додавајќи дека вакцините значително го намалуваат ризикот од смртен исход.

2. Продолжете да носите заштитна маска

Професорот објаснува дека доколку заразена личност дише во близина на здрава личност без никаква заштита на лицето, шансите инфекцијата да се пренесе се значително поголеми. Од друга страна истакнува дека носењето на заштитна маска значително го намалува ризикот од инфекција.

„Тоа е единствената мерка која ве штити вас и другите од заразата. Генерално, се препорачува носење на заштитна маска кога ќе излезете од дома, а особено кога ќе влезете во некоја просторија. Носењето на заштитна маска е добра навика која треба да ја развиете во контекст на вирусот. Делта сојот нема да биде последната варијанта, новите варијанти ќе бидат позаразни“.

3. Одржувајте физичка дистанца

Избегнувајте близок контакт со луѓето колку и да е можно тоа. Професор Добсон наведува дека меѓу 50 и 60 отсто од новите случаи на коронавирус се без симптоми и дека токму асимптоматските случаи се најзаслужни за пренесување на вирусот. Неговиот совет е што помалку да престојувате во затворени простории, а рестораните и ноќните клубови да ги избегнувате.

„Колку и да звучи тоа како да сме жртви, сепак мора да направиме одредени промени во животниот стил за што повеќе луѓе да останат здави“.

4. Намалете ги патувањата

По толку време борба со вирусот, ограничување и други работи, луѓето имаат потреба да патуваат, што е нормално. Меѓутоа, инфектологот предупредува дека и кога патувате имате можност да се заразите. Секако дека некои од патувањата се неизбежни, но во такви случаи носете заштитна маска, одржувајте дистанца, редовно мијте ги рацете.

5. Слушајте ги експертите

Професорот предупредува дека луѓето најчесто умираат поради дезинформации, а тие дезинформации најчесто ги шират луѓе кои немаат никаква врска со медицината. Во таква ситуација, кога цел свет се бори против вирусот, единствено што треба да правиме е да ги слушаме стручните лица.