Samsung сигурно не планира скорешна објава на наследникот на Galaxy Z Flip, но тоа не значи дека не го почнал развојот на следниот уред на преклоп. Најновиот патент за дизајн, кој јужнокорејската компанија го пријави кај WIPO (World Intellectual Property Office) организацијата покажува дека Samsung разгледува два можни дизајна. Двата вклучуваат троен камера модул на задната страна.
Моделот A има препознатлив дизајн со хоризонтално поставен систем на камери, но поради поголемиот модул, секундарниот екран за известување изгледа помал. Моделот B имплементира вертикален систем на камери, каде повеќе простор е овозможен за mini OLED екранот.
Патентот не открива други детали, а исто така не гарантира дека Samsung ќе искористи било кој од двата дизајна.