Дојавувачот @evleaks објави скица од HTC Desire 20 Pro телефонот, како и кодното име за уредот „Bayamo“. Кога ќе биде официјално објавен, Desire 20 Pro ќе биде прв смартфон на HTC со punch-hole отвор за селфи камерата.
Дисплејот е рамен, а доколку скицата е точна, рамките се пријатно тенки (што ја вклучува и горната и долната рамка). Системот со четири камери на задната страна го следат и два LED блица. Најмалиот сензор е веројатно сензорот на длабочина, додека функцијата на останатите камера сензори засега не е позната. На задната страна се гледа и сензорот за отпечатоци од прсти.
Кога е во прашање чипсетот, Geekbench укажува на Snapdragon 660 (или 665), заедно со до 6GB RAM и Android 10 оперативен оперативен систем. Иако тоа не се гледа на скицата, еден дојавувач сугерира и дека HTC Desire 20 Pro ќе има 3.5 милиметарски приклучок за слушалки.