Вилијам Сан Петрус одлучил да ја земе старата Remington машина за пишување од 1929 година и целосно да и ја промени намената.
Тој го претворил овој речиси стогодишен уред во ритам-машина за електронска денс музика (EDM drum machine).
Во описот на ова видео, тој исто така објаснува и како го сторил тоа.
„Секогаш кога чеканот ќе удри во плочата, ардуино добива сигнал. Тој препознава кој чекан е притиснат и испраќа сигнал до мојот компјутер преку кабел, во Аблетон“, пишува тој.
Како што напишал понатаму, композицијата се состои од 17 различни звуци, отсвирени во живо. Исто така, додава и дека ова е само мал дел од многу поголем проект.
Во следното видео, објаснува точно како работи оваа ритам-машина и како свири на неa.
Извор: B92.net
Поврзани артикли