Од денес, бизнис корисниците на А1 Македонија преку активација на пакетот А1 Office Box можат да добијат супер брз интернет за својот бизнис, без разлика дали работат од дома или од канцеларија.

A1Office Box e безжично интернет решение кое се активира со едноставно вклучување во струја, што им овозможува на корисниците брза и лесна употреба каде и да се. Покрај брзиот интернет, пакетот вклучува и фиксна линија.

Оваа услуга корисниците можат да ја активираат со две тарифи: А1 Office Box 2со којa добиваат 300 GB национален интернет 20/5 Mbps и неограничени разговори кон сите национални фиксни мрежи со промотивна месечна претплата од 699 денари и А1 Office Box 3со којa добиваат  300 GB национален интернет 20/5 Mbps, неограничени разговори кон сите национални фиксни мрежи како и телевизија со до 50 канали со промотивна месечна претплата од 899 денари.

Пакетот e погоден за поврзување со POS-терминали за плаќање со платежни картички, како и за сите компании што имаат потреба од поголема брзина на upload од 1Mbps. Покрај вклучените, корисниците можат да активираат и дополнителни услуги во пакетот, како што се фиксна IP адреса и управуван VPN.

Со овој пакет, А1 Македонија им овозможува на своите бизнис корисници да создадат одлични услови за работа и непречено да ги извршуваат своите активности.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.