Пред околу еден месец Vivo V19 смартфонот се појави во Индонезија, но се работеше само за ребрендираниот V17. Сега глобалната верзија на V19 е објавена, а уредот го карактеризираат две селфи камери, 33W брзо полнење и 4500mAh батерија. Ова е прв смартфон на Vivo со двоен punch-hole екран, а се очекува и на глобалните пазари.
Vivo V19 користи Snapdragon 712 чипсет, во комбинација со 8GB RAM и 128GB или 256GB простор за складирање податоци. Екранот на телефонот од 6,44 инчи е Super AMOLED, со Full HD+ резолуција и сензор за отпечатоци од прсти вграден во дисплејот. Во големиот отвор во екранот се наоѓа 32MP f/2.1 селфи камера и 8MP f/2.3 ултраширок сензор.
На задната страна се наоѓаат четири камери, а ситемот го сочинуваат 48MP главен сензор, 8MP ултраширок, 2MP сензор на длабочина и 2MP макро камера. Сите камери поддржуваат Super Night мод и Ultra Stable видео.
Останатите карактеристики на телефонот вклучуваат USB-C порт, 3,5 мм приклучок за слушалки и Bluetooth 5.0 поддршка. Достапен е во две бои – Sleek Silver и Gleam Black, а цената и достапноста на телефонот ќе бидат објавени засебно за секој пазар.