Се уште необјавениот смартфон на Xiaomi, со ознака на модел M2004J11G е сертификуван од руската EEC агенција.
Моментно не постојат многу детали за споменатиот уред. Дојавувачот Мукул Шарма, од друга страна, верува дека во прашање е POCO F2.
Нешто претходно, генералниот менаџер на POCO дивизијата во Индија истакна дека POCO F2 нема да пристигне како ребрендиран Redmi K30 Pro. Тоа сугерира дека во прашање е премиум телефон, кој е дизајниран и развиен од POCO тимот.
Remember the Xiaomi M2004J11G smartphone I talked about back in February? Turns out it is a Poco device. It has now received the EEC certification. ?#Xiaomi #POCO #PocoF2 pic.twitter.com/aHGPmqCVhJ
— Mukul Sharma (@stufflistings) April 1, 2020
Некои гласини сугерираат дека POCO F2 ќе биде најевтин премиум телефон на пазарот, кој ќе имплементира Snapdragon 865 чипсет.