Apple можеби со својот популарен таблет би требало да се причува, бидејќи Samsung го објави Galaxy Tab A 8.4, Android таблет кој има LTE конективност, 10 часа батерија и цена од 279 долари.
Таблетот на Samsung има две камери. Предната има 5 мегапиксели за селфи фотографии и видео повици, додека задната има 8MP и може да снима Full HD видео. Уредот поседува и батерија од 5.000mAh и USB-C. Galaxy Tab A 8.4 (2020) е опремен 8,4-инчен TFT екран со резолуција 1.920 x 1.200 пиксели. Го покренува Exynos 7904 процесор со две големи Cortex-A73 (1,8 GHz) и шест мали Cortex-A53 јадра (1,6 GHz), како и 3GB RAM меморија и 32GB простор за складирање, што може да се прошири со microSD картичка
Покрај стандардната поддршка за Wi-Fi (802.11 a/b/g/n/ac) и Bluetooth (5.0 LE), тука е и поддршката за 4G LTE мрежата, што значи дека спојувањето на интернет може да се изврши и преку SIM картичка, а не само преку Wi-Fi мрежите. Таблетот пристигнува со стандарден влез за слушалки и Dolby Atmos поддршка за звучници.
Иако моментно е актуелен Android 10, моделот Tab A 8.4 доаѓа со Android 9 OS. Исто така, овој модел нема да пристигне со Dex услугата и поддршката за тастатура и маус, како и монитор, како премиум таблет уредот на јужнокорејската компанија Galaxy Tab S6.
Овој таблет и припаѓа на буџет категоријата, и со цена од 279 долари е поевтин од најевтиниот iPad, чија цена изнесува 329 долари. Уредот се очекува на пазарот во втората половина од годината.