Елон Маск, кој ја намалуваше сериозноста на пандемијата на коронавирусот и одбиваше да ја затвори својата фабрика во Калифорнија, сега е подготвен да помогне и на Твитер се вклучи во глобалните разговори за пандемијата.
Маск понуди неговата фабрија да призведува апарати за механичка вентилација ако тоа биде потребно.
По предупредувањето за потенцијалниот недостиг на апарати за помош при дишење кои би лекувале пациенти болни од Ковид-19 во американските болници, понудата ја коментирташе градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио.
– Њујорк купува. Се соочуваме со драстичен недостиг и неопходни ни се апарати за вентилација што побрзо – ќе ни требаат илјадници во овој град во наредните неколку недели. Ги сакаме што побрзо и ја сакаме вашата помош. Ќе ве контактирам, му напиша Ди Бласио на Маск.