Се појавија информации за Honor 30S телефонот, кој е прв од новата серија за кој добиваме одредени информации. Honor 30 линијата ќе биде официјализирана во Кина кон крајот на март.
Honor 30S ќе биде најслаб модел во рамките на линијата, но ќе има 5G поддршка благодарение на Kirin 820 чипсетот. Телефонот ќе поддржува и 40W брзо полнење.
Се појави и рендер кој дава подобар увид во изгледот на смартфонот. Видливо е дека Honor 30S ќе има четири камери на задната страна, а исто така се очекува и сензор за отпечатоци од прсти од десната страна на рамката.
Засега се уште нема информации за можната цена на Honor 30S телефонот, но моделот 20S минатиот септемвро пристигна по цена од околу 265 долари.