Oppo Watch, првиот паметен часовник на компанијата Oppo официјално е претставен, а сега пристигнува информација за неговата достапност на европскиот пазар.

Информацијата пристигна од претседателот на компанијата Брајан Шен преку неговиот Twitter профил, каде што наведува дека Oppo Watch може да се очекува во Европа во текот на оваа година, и дека за него ќе биде организирано посебно европско претставување.

Часовникот доаѓа во 41 и 46-милиметарска верзија со закривен АМОЛЕД екран, Snapdragon Wear 2500 SoC со Apollo 3 копроцесор, 1 GB RAM, 8 GB интерна меморија, 5ATM отпорност на влијанија на вода, ColorOS Watch систем, поддршка за Wi-Fi, Bluetooth 4.2 LE, GPS и NFC.

Вградена е батерија од 300 mAh (41-милиметарска верзија), односно 430 mAh (46-милиметарска верзија) со поддршка за VOOC Flash Charge технологија на брзо полнење на батеријата (доволни се 75 минути за батеријата да достигне 100 проценти наполнетост). Постои можност за следење на отчукувањето на срцето и поддршка за eSIM 4G картичка.