Американската компанија Apple ќе ги затвори сите продавнци ширум светот до 27 март, освен оние во поголемиот дел од Кина, изјави извршниот директор на компанијата, Тим Кук.
Во поголемиот дел од Кина, сите продавници на Apple повторно се отворија по затворањето пред два месеци, во екот на борбата на земјата со епидемијата коронавирус.
„Како што стапката на нови инфекции и понатаму продолжува да расте на другите места, преземаме дополнителни чекори да ги заштитиме членовите и клиентите на нашиот тим“, наведе компанијата во соопштението.
Вработените во компанијата ширум светот ќе работат од дома каде што тоа е можно, додека сите продавници ќе бидат подложени на длабинско чистење, а вработените на здравствени прегледи.
Работниците и понатаму ќе добиваат плата по час.
Компанијата додаде и дека ќе приложи 15 милиони долари за борба против епидемијата Covid-19, а тие пари ќе бидат вложени во медицинска нега за пациенти и ублажување на економското влијание од избувнувањето на пандемијата.
Извор: B92.net