Само месеци не делат од официјалната премиера на првите 5G мрежи, кои се очекува да профункционираат пред крајот на летото. Многу е веројатно дека Јужна Кореја и Јапонија ќе ги надминат другите земји преку градење на соодветна инфраструктура потребна за функционирање на технологијата. Прашање на време е кога 5G мрежите, исто така, ќе почнат да се користат од земјите на европскиот континент.

Додека очекуваме да се случи ова, дознаваме дека LG има уште поамбициозни планови во индустријата. Причината е тоа што корејскиот гигант веќе започна со работа на 6G технологијата, вели „PocketNow“. Нивните официјални планови предвидуваат формирање на истражувачки центар кој ќе биде поставен во округот Јусеонг во Даежон, Јужна Кореја. Ова не значи дека компанијата тестира функционални прототипови на паметни телефони со поддршка за 6G, што ќе се случи во подоцнежна фаза.

Првата цел на LG е да помогне во стандардизацијата на технологијата, а потоа да стане глобален лидер во 6G мрежната промоција. Нивната желба е логична, но изненадува тоа што веќе се работи на оваа технологија, пред да ги видиме првите 5G уреди на пазарот. Проектот го подготвуваат научниците од Корејскиот институт за наука и технологија. Ако се оди според планот, транзицијата од 5G кон 6G ќе се случи во рок од десет години.