Интегрирањето на можностите на Linux во Windows продолжува. Microsoft развива сопствено Linux јадро, кое ќе биде вградено во оперативниот систем Windows 10.

Тест верзија на Windows 10 со вградено Linux јадро ќе стане достапна за учесниците во програмата Windows Insider кон крајот на јуни. „Кернелот“ ќе служи како основа на архитектурата на Microsoft Windows подсистемите за Linux (WSL) 2.

Целосно Linux јадро за прв пат се вградува како компонента во Windows, истакнаа претставници на Microsoft за време на конференцијата Build 2019 во Сиетл.