Откако Xiaomi го откажа своето учество на Мобилниот конгрес во Барселона, се поставуваше прашањето кога ќе се одржи глобалната објава на Xiaomi Mi 10 и Mi 10 Pro телефоните. Овој датум е конечно познат, а целосните детали ќе бидат официјализирани во текот на онлајн настанот на 27. март.
Ова е околу еден месец по првобитно планираниот настан, така што се очекува дека 5G премиум телефоните на Xiaomi недолго по објавата ќе почнат и да се продаваат на меѓународните пазари. Mi 10 Pro е веќе распродаден во својата прва продажба во Кина, каде што се продадени меѓу 33.000 и 40.000 уреди. Стандардниот Mi 10 е продаден во 42.000 до 50.000 примероци.
Xiaomi Mi 10 Pro неодамна стигна на првото место на DxOMark тестовите на камерата, кое моментно го дели со Oppo Find X2 моделот.
Xiaomi Mi 10 Pro забележа рекорден скор на бенчмарк-тестовите на AnTuTu