Realme денеска во Индија ја претстави својата најнова серија телефони, преку livestream настан. Realme 6 и Realme 6 Pro пристигнуваат со значајна надградба на камерите, екранот и батеријата во однос на своите претходници.
Двата телефона имаа 90Hz екрани и поддршка за 30W Flash Charge технологија на полнење. Realme истакнува дека овој систем на полнење може телефонот од 0 до 100 проценти да го наполни за 60 минути.
Realme 6 има 6.5-инчен FullHD+ дисплеј со punch-hole отвор за 16MP селфи камера. Екранот поддржува автоматско префрлање помеѓу 60Hz и 90Hz модови на освежување. Смартфонот го покренува осмојадрениот MediaTek Helio G90T процесор, а го напојува 4300mAh батерија. Кога се во прашање камерите, Realme 6 има модул со четири камери, кои го сочинуваат 64MP главен сензор, 8MP ултраширок, 2MP портрет и 2MP макро сензор.
Телефонот ќе се испорачува во Comet White и Comet Blue варијанти, почнувајќи од 11. март. Цените (за пазарот на Индија) изнесуваат околу 177 долари за 4GB/64GB варијанта, околу 205 долари за 6GB/128GB модел и околу 218 долари за 8GB/128GB верзија.
Realme 6 Pro е посилен модел, а го покренува 8nm Snapdragon 720G чипсет на Qualcomm. Компанијата тврди дека ова е прв телефон кој се испорачува со споменатиот чип. Телефонот има 6,6-инчен LCD дисплеј, со punch-hole отвор за две селфи камери од 16MP i 8MP. На задната страна се наоѓа систем со четири камери, кои го сочинуваат 64MP главна, 12MP телефото, 8MP ултраширока и макро камера. Камерата на задниот дел нуди и до 20x хибридно зумирање. Realme 6 Pro има 4300mAh батерија, а пристигнува во Lightning Blue и Lightning Orange варијанти.
Realme 6 Pro на пазарот ќе се продава по цена од околу 232 долари за 6GB/64GB модел, околу 245 долари за 6GB/128GB верзија и околу 259 долари за 8GB/128GB конфигурација. Испораката на телефоните почнува од 13. март.