Во октомври 2019 година ги претстави Moto G8 Plus и G8 Play, а потоа пристигнаа Moto G8 Powеr и G Stylus. Сега официјално го претставија и моделот Moto G8.

Moto G8 има три задни камери вклучувајќи ја и главната од 16MP, макро камерата од 2MP и ултрашироката од 8 MP. Селфи камерата има 8 MP. Тоа значи дека овој модел има најмалку квалитетни камери во целата G8 серија освен моделот G8 Play.

Новиот смартфон го доби 6,4-инчниот HD+ LCD екран. Него го напојува батерија од 4.000 mAh која поддржува 10W брзо полнење.

Уредот доби и Snapdragon 665 процесор, 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија која може да се прошири до 512 GB со помош на microSD картичка.

Извор: Klix.ba