По примерот на Snapchat, Instagram, Facebook и другите слични социјални мрежи, и Twitter одлучи да експериментира со Stories опцијата. Како и кај останатите, објавите поставени на овој начин можат да содржат текст, видео, фотографии или анимирани GIF-ови, ќе се прикажуваат во посебен дел во врвот на корисничкиот интерфејс и ќе исчезнат по 24 часа.
Twitter ги нарекува своите Stories – Fleets. На нив нема да биде можно јавно да се одговори, да се лајкуваат или ретвитуваат. Другите твитераши на Fleets ќе можат на нивниот автор да му испратат одговор со приватна порака. Првиот тестот на оваа опција почна вчера во Бразил, но корисниците, благо речено, не се воодушевени.
We’ve been listening to this feedback and working to create new capabilities that address some of the anxieties that hold people back from talking on Twitter. Today, in Brazil only, we’re starting a test (on Android and iOS) for one of those new capabilities. It’s called Fleets. pic.twitter.com/6MLs8irb0c
— Kayvon Beykpour (@kayvz) March 4, 2020
Воведувањето на овој додаток ќе го претвори Twitter во Instagram, сметаат многумина кои се се согласуваат со тој правец на развојот на социјалната мрежа. За незадоволството на корисниците од оваа идеја, говори и фактот дека многу брзо по најавата на тестот на Fleets во Бразил, меѓу трендинг темите на Twitter (глобално!) на прво место заседна хаштагот #RIPTwitter.
Everyone: oh twitter please add an edit button
Twitter: how about add stories #RIPTwitter pic.twitter.com/os5GnUkDNl— Trias (@triasdims) March 5, 2020