Откако „Xiaomi“ го претстави својот паметен телефон „Mi A1“ базиран на платформата „Android One“, а истото наскоро ќе го стори и „Motorola“, се појавија и гласини и за третиот производител на паметни телефони кој би можел да претстави свој „Android One“ уред.
Станува збор за „HTC“ кој би требало да претстави „Android One“ уред кој се базира на „HTC U11 Life“ односно моделот „Ocean Life“ кој никогаш не се појави на пазарот.
Според тогашните информации, „Ocean Life“ би требало да има 5,2-инчен екран со резолуција од 1920 x 1080 пиксели, процесор „Qualcomm Snapdragon 630“, 32 GB интерна меморија која може да се прошири со „microSD“ картичка, сензор за отпечаток на прстот на предната страна, како и препознатливата функционалност „Edge Sense“.
На задната страна ќе имало 16-мегапикселна камера со функционалности, како што е автофокусот со детектор, додека на предната страна ќе се наоѓала 16-мегапикселна селфи камера. Се споменува и „IP67“ сертификат, како и „HTC UЅonic“ слушалките со активно намалување на бучавата од околината.