Продажбата на паметни телефони почна да опаѓа драстично, и како што се предвидува, статистиката ќе покаже колку состојбата е лоша. Ваквата лоша продажба го погоди моментно најголемиот пазар на мобилна телефонија на светот, Кина.
Како што сега стојат работите, падот на продажбата во првиот квартал ќе бидат неверојатни 40 проценти, во споредба со истиот период минатата година. До овие податоци дојде до истражувачката IDC. Тоа значи дека во првите три месеци оваа година ќе бидат продадени 33 милиони паметни телефони помалку, изјави Вил Вонг.
Вонг, исто така, изјави дека при анализата и правењето прогноза за оваа година, дојдоа до заклучок дека падот ќе биде најмногу до 5 проценти во првиот квартал на 2020. година. Дури и со огромно враќање на продажбата во март, тешко ќе бидат да се надоместат огромните губитоци. Кога е во прашање глобалната продажба на мобилните телефони, се очекува пад од околу 10,6 проценти во однос на истиот период минатата година.
Сето ова што се случува со пазарот на паметни телефони е последица на ширењето на коронавирусот. Само за потсетување, во февруари е MWC саемот во Барселона, кој инаку собира најголем број изложувачи во областа на мобилната телефонија на светот. И многу други компании од областа на ИТ ги откажаа своите конференции, па така и Facebook ја откажа F8, својата најголема годишна конференција.