Добро познатиот дојавувач Макс Вајнбах и EverythingApplePro објавија неколку протечени информации за следната iPhone линија, вклучувајќи ја и информацијата за опцијата за always-on дисплеј.

Според наводните, штедливиот 120Hz LTPO (low-temperature polycrystalline oxide) екран ќе го имитира заклучениот екран на корисникот и ќе понуди голем број информации без никаков внес. Само статусот на батеријата и часовникот ќе бидат видливи во секој момент, додека статусната лента и иконите ќе ги прикажуваат известувањата. Новите известувања ќе се појавуваат, но за кратко време.

Вајнбах исто така ги потврди информациите на разни аналитичари дека новите iPhone уреди ќе имаат надградени камери, вклучувајќи ги подобрените ултрашироки сензори, автоматска астрофотографирање и портретен видео режим.

Дојавувачот не очекува дека дизајнот на телефонот многу ќе се промени, иако гласините од претходно сугерираа помал засек во дисплејот за Face ID и предната камера, како и можен сензор за отпечатоци од прсти сместен под екранот.