Додека Samsung и Huawei планираат да започнат нова ера на мобилни телефони со моделите на преклоп, LG има малку поинаков пристап.

Кога јужнокорејската компанија минатата година го објави својот телефон LG V50 ThinQ, воведе и дополнителна футрола со екран, кој може да го претвори уредот во еден вид телефон на преклоп. Dual Screen folio футролата дојде со 6,2-инчен OLED панел и им понуди на корисниците можност за секундарен екран за мултитаскинг, гејминг или создавање фотографии.

LG сега планира  ова да го надгради преку претстојниот V60 ThinQ, кој ќе биде откриен за време на IFA саемот во Берлин во септември. Компанијата, исто така, објави краток тизер со кој се навестува употребата на вториот дисплеј.

Вториот дисплеј се чини дека има исти димензии како самиот телефон, што би претставувало подобрување во однос на првата генерација на секундарниот дисплеј, кој имал помали дијагонални и подебели рамки. Покрај тоа, екранот на втора генерација на екран треба да има помал надворешен дисплеј за известувања, време и датум.

Другите детали не се познати , а сите карактеристики ќе бидат објавени на 6 септември за време на саемот на IFA.