На повеќе од една милијарда уреди поврзани со интернет, вклучително Apple iPhone и Amazon Echo, загрозена им е безбедноста. Ова би можело да им овозможи на хакерите да шпионираат сообраќај кој се праќа преку Wi-Fi мрежата.
Пропустот кој го откри фирмата ESET, работи така што е овозможено деактивирање на шифрите кои ги користи Wi-Fi мрежата заштитена со лозинка.
Тоа би можело да им овозможи на хакерите да следат активности на мрежата, како да нема никаква заштита. Иако тоа би можело да значи дека жртвите можат да бидат прислушувани, ажурирањето на софтверот веројатно ќе спречи катастрофални резултати.
Ранливоста која истражувачите ја нарекоа Kr00k влијае на уредите со Wi-Fi чипови од компаниите Broadcom и Cypress, кои се користат во голем број уреди со безжичен интернет, вклучувајќи ги и телефоните на Apple, Google и Samsung.
Безбедносни ажурирања се веќе направени за решавање на овој проблем, па најдобриот совет е компјутерите, телефоните и какви било уреди поврзани на интернет да имаат најнов софтвер.
Во најлошото сценарио, ќе биде изложена значителна количина на податоци, вклучувајќи ги интернет страници кои ги посетувате или пораките кои ги испраќате, објави MIT Technology Review.
Меѓутоа, многу приватни комуникации на вашата Wi-Fi мрежа сè уште би требало да бидат безбедни поради шифрирање кое го користат самите интернет страници.
Извор: B92.net