Microsoft Surface Duo станува еден од најочекуваните уреди во 2020. година. Единствените dual-screen уреди би можеле да ги заменат вашите телефони, таблети, но и лаптоп компјутери, ако се испостави дека се способни и за најнапредните задачи.

Видео кое (не) открива се

Протеченото видео покажува кој би можел да биде еден од начините брзо да се провери и да се одговори на некои новодојдени известувања, без целосно отворање на Surface Duo. Ова не делува како голема работа. Меѓутоа, кога ќе земете во предвид дека овој уред нема надворешен екран, Peek оцпијата може да биде многу корисна.

Секако, од тоа како и колку ќе ги користиме, ќе зависи и нивната популарност. Засега во јавноста протече „Peek“, една од поинтересните функции на овој уред со два екрана, која би можела да се појави на финалната верзија на софтверот, а не треба да се соменва дека вакви функции ќе има уште.