Автомобилите на Tesla, а особено нивниот компјутер за целосно автономно возење, со години се пред конкуренцијата, открива неодамнешна студија за Model 3.
Повеќето сопственици на електрични возила се убедени дека откако ќе седнат на воланот на своето е-милениче, никогаш повеќе нема да купат или да возат класичен бензинeц или дизел мотор. Ова особено може да се каже за сопствениците на Tesla, која кога станува збор за технологија, како и за развој на батерии, е далеку пред конкуренцијата.
Ако некогаш сте се запрашале која е предноста на компанијата на Маск во однос на традиционалните автомобилски гиганти, сега имаме конкретен одговор – шест години. Така барем се тврди во Nikkei Business Publication, откако го демонтирале Model 3 и ги тестирале неговите индивидуални компоненти. По тестот, откриле дека компанијата на Маск која е основана пред помалку од 20 години и испорачала помалку од 400.000 возила минатата година, е дури 6 или повеќе години пред компании како Toyota или Volkswagen, кои продаваат околу десет милиони автомобили годишно.
Оваа предност е особено се однесува на компјутерот за целосно автономно возење (Hardware 3), кој е најнапредниот дел од електричните автомобили на Илон Маск. Технологијата развиена во лабораториите на Tesla е толку напредна што инженерите од еден голем јапонски производител на автомобили биле зачудени од централната контролна единица на Tesla што искоментирале:
„Ние ова неможе да го направиме“.
Модулот за целосно автономно возење, кој сè уште не е активиран, е достапен во сите нови Model 3, S и X и се состои од два AI процесори, развиени во Tesla, исто како и софтверот што го поддржува тој хардвер. Ваквата платформа, веќе достапна во Tesla, не треба да се очекува во автомобилите на други компании пред 2025 година, а веројатно и подоцна. Ваквата електронска платформа, со моќен чип во основата, ги држи клучевите за обработка на големи количини на податоци во утрешните попаметни и поавтономни автомобили, истакнуваат од Nikkei.
Еден од проблемите со новите технологии што ги развива Teslа е тоа што ќе влијае на целиот ланец на снабдување во автомобилската индустрија, каков што се користи со децении. Тоа е една од сопирачките за традиционалните компании кои сакаат да продолжат да работат со долгогодишните добавувачи на компоненти, за кои, како и за нивните вработени, е прашање на живот и смрт. Сепак, и тие се свесни за промените што доаѓаат и кои можеби не се толку брзи, но со текот на годините треба радикално да ја променат автомобилската индустрија.
Извор: Додај Гас