На Windows Insider подкастот откриено е дека Microsoft експериментира со целосно нов изглед на Start менито за  Windows 10. За разлика од досегашните верзии, во некоја од идните надградби ова мени би требало да остане без интерактивните „плочки“ Live Tiles и да добие нов дизајн. На корисниците веројатно би им било ставено на избор – па во случај да ги исклучат Live Tiles, автоматски ќе им се активира новиот изглед на менито.

Визуелно, редизајнираното Start мени би се вклопило со дизајнерските насоки на Fluent дизајнот, кои Microsoft полека ги имплементира во сите свои софтверски решенија. Освен исфрлувањето на интерактивните Live Tiles, Start менито би требало да добие и полупроѕирна посветла позадина, наместо темната и непроѕирна каква што ја знаеме. На неа, наместо „живите плочки“, ќе се наоѓаат само избрани икони од програмите, исто така редизајнирани во склад со Fluent Design филозофијата.

Оваа промена би значела и полеска и посеприсутна имплементација на Dark моде, кој би можел по потреба да го зафати дури и Start менито. Изгледно е дека до голем редизајн ќе доjде во некоја од следните редовни поголеми надградби на Windows 10.