Развојот на вештачката интелигенција и нејзината примена и последици се популарна тема на разговор и многу познати луѓе, во и надвор од технолошката индустрија, се изјаснија по тоа прашање во последно време. Вештачката интелигенција на OpenAI, компанија што ја финансира гигантот Елон Маск, се покажа како одличен играч на натпревар во Dota 2.

Натпреварот The International привлекува играчи од целиот свет, надминувајќи ги геополитичките и културните граници што сѐ уште ги дефинираат повеќето традиционални спортови. OpenAI ги победи најталентираните и највештите играчи на оваа сложена видеоигра, а научи да игра за две недели.

Соперникот во играта, Денди, рече дека кога играл со OpenAI „имав чувство дека играм со човек, но тука имаше и нешто друго“.