Минатата година, во настојување да обезбеди поголем број апликации за macOS App Store, Apple го објави Project Catalyst. Алатката им овозможува на програмерите да креираат macOS апликација, заснована на постоечката iPad апликација без вложување на претеран напор и дополнителна работа, со што се олеснува објавата на апликации за macOS. Поголема мана на оваа стратегија е дека не е можно да се купи iOS апликација и автоматски да се стане сопственик и на macOS верзијата. Меѓутоа, ова ќе се промени од следниот месец.
На својот сајт за програмери, Apple најави ажурирања кои на програмерите ќе им овозможат своите апликации да ги направат достапни на повеќе платформи, но и да ги продаваат како универзални пакети за различните оперативни системи на Apple, вклучувајќи ги macOS и tvOS. Ова ќе го направи искуството послично на оригиналната цел на Microsoft со Universal Windows Apps сервисот.
Покрај ажурирањето за новите универзални купувања на апликации, Apple ги обединува и iOS и macOS App Store категориите, кои ќе доаѓаат со новите промени. Сите измени ќе почнат да се применуваат од март, така што програмерите ќе имаат време да се подготват.