Многу корисници на апликацијата Gmail забележаа неочекувана промена – исчезна една од најновите опции.
Можеби опцијата Dark Mode (темен режим) не е најомилена меѓу корисниците, но е многу добра за дисплејот на вашиот телефон (ако имате OLED екран), а исто така е помалку напорна за очите.
Компанијата Google почна со воведување на опцијата Dark Mode за својата добрите Gmail, наменета за оперативните системи Android и iOS, од септември, 2019 година.
Сега е исклучена можноста да се активира темниот режим со постапката: Gmail -> Settings -> General settings -> Theme.
Ова се однесува главно на телефони со оперативен систем Android 10, но и некои iOS корисници се жалаат дека веќе ја немаат опцијата.
Засега од Google се немаат огласено во врска со исчезнувањето на опцијата Dark Mode за Gmail апликацијата. Можно е да станува збор за едноставна грешка, но исто така е можно компанијата да открила проблем со темниот режим и свесно ја повлекла опцијата.
Извор: B92.net