За време на настанот CES Asia 2018, Huawei ја прикажа својата втора идеја “your phone as your PC”, и овој пат целосно е стартуван Windows 10 системот преку Huawei смартфон.

Huawei Cloud е токму она што го кажува името – сервисот не го покрена Windows 10 директно на телефонот, туку преку далечински сервер, во моментов во Кина. Апликацијата потоа едноставно станува апликација која користи десктоп протокол на Huawei, наречен Huawei Desktop Protocol.

Интересно, корисникот може да ја стартува апликацијата Cloud без поврзување на поголем екран, тастатура и глувче, иако искуството нема да биде ни блиску до оптималното.

Huawei Cloud работи на Huawei серверите, моментно лоцирани во Кина, а компанијата исто така би можела да ги отвори европските сервери за своите клиенти на овие територии.