Американскиот технолошки гигант Apple објави дека ги завршил новите, унапредени Apple Maps за САД. Корисниците на Maps апликацијата, које е преинсталирана на iPhone уредите, сега можат да ги видат патиштата, зградите, парковите и останатите значајни обележја во САД со многу повеќе детали.
Некои од поинтересните функции го вклучуваат режимот „разгледување“, со помош на иконата двоглед. Тоа е нешто што веќе на големо им е познато на корисниците во вид на Google Street View, разгледување на околината на одреден дел од мапата во 360 степени. Градови кои моментно тоа го поддржуваат се Њујорк, округот и брегот на Сан Франциско и Лоџ Анџелес.
Од Apple, исто така, напоменаа дека го внеле распоредот на јавниот превоз за одредени градоци, така што корисниците ќе можат да знаат точно кога им тргнува или доаѓа автобус или метро.