Компанијата Alcatel на пазарот пласираше два нови евтини паметни телефони откако истите беа претставени на саемот IFA во Берлин.
Alcatel Idol 5 доаѓа со опцијата App Cloner која што ги дуплира апликациите на социјалните мрежи како на пример Facebook, Instagram или WhatsApp, па така корисникот може да биде логиран истовремено на два профили.
Располага со 5,2-инчен Full HD екран, 1,3 GHz MediaTek MT6753 octa-core процесор, 3 GB RAM меморија и 16 GB интерна меморија, задна камера од 13 мегапиксели и предна од 5 мегапиксели, а работи на батерија со капацитет од 2,800 mAh. Овој телефон во Европа ќе се продава по цена од 239 евра.
Alcatel A7 може да се пофали со поголем, 5,5-инчен Full HD екран, 1,5 GHz octa-core процесор, 3 GB RAM и 32 GB интерна меморија, како и задна камера од 16 и предна камера од 8 мегапиксели. Овој телефон може да се пофали и со помоќна батерија која што располага со капацитет од 4,000 mAh. Ќе се продава по цена од 229 евра.