Компанијата HP го претстави Fingerprint Mouse, а како што сугерира името на уредот, во прашање е глувче кое пристигнува со вграден сензор за отпечаток од прстот.

Корисниците ќе бидат во можност да користат биометриски сигурносни мерки за да ги заштитат своите компјутери, но наместо да го користат компјутерот за да го скенираат отпечатокот, потребно е само да го стават прстот на глувчето, на кој раката секако се наоѓа.

HP истакнува дека глувчето има AES-256 битен сигурносен екрипциум, кој информациите за отпечатокот на корисник ги складира безбедно. Во најголем дел, маусот е прилично стандарден, а корисниците можат да го подесуваат DPI, кој оди до 1600.

HP USB Fingerprint Mouse е глувче со кабел, што веројатно нема да им одговара на оние кои преферираат безжични модели. За оние кои се заинтересирани, HP ќе го нуди глувчето од декември, по цена од 49 долари.