Интригантната апликација 3D Creator нема да остане само уживање за корисниците на новите Xperia XZ1 и XZ1 Compact.

Двата телефони беа промовирани минатата недела и добија мешани реакции – нивните високи параметри дојдоа со релативно разумна цена, но не оригиналниот дизајн и недостатокот на уникатни карактеристики не беа прифатени добро од страна на критичарите.

Меѓутоа, меѓу нив беше апликацијата 3D Creator, која им овозможува на корисниците да скенираат тродимензионални објекти со задната камера на телефонот и да ги користат за додадена реалност, тридимензионално печатење и многу повеќе.

Сметајќи дека 3D Creator не се потпира на посебен хардвер, навистина нема причина зошто апликацијата да не е достапна за други врвни Sony модели. Тоа е токму случај со Xperia XZ Premium, кој исто така ќе работи со него.

Поинтересно ќе биде ако и Xperia XZs ја добие оваа апликавија. Од компанијата не даваат одговор на прашањето.