Отсега е официјално: Tinder според заработката ги надмина дури и Candy Crush Saga и Netflix. 

Познатата апликација за запознавање го достигна врвот на топ листите благодарение на платената услуга Tinder Gold. Ова е навистина големо достигнување ако се земат во предвид бројните конкуренти со кои секојдневно се натпреварува Tinder. Да потсетиме, Tinder Gold им овозможува на корисниците да видат кој ги лајкувал без да поминуваат часови листајќи ги бројните профили.

Популарниот Tinder веќе подолго време е бесплатен, а неговата верзија Tinder Plus за која се плаќа 9.99 долари им дава опција на корисниците „премотување“ на несаканите лајкови, како и прегледување на профили на оддалечени места.

Tinder Plus во САД чини 9.99 долари, додека Tinder Gold чини 14.99 долари. Покрај ова, постои и функцијата Tinder Boost која овозможува скокнување пред ред. Воглавно, на Tinder му оди толку добро што почна и да се рекламира, а неговата Gold услуга е достапна во САД, Аргентина, Канада и Мексико.