Потполно неочекувано, јапонските астрономи пронашле црна дупка во срцето на Млечниот пат.
Огромна црна дупка сто илјади пати помасивна од сонцето е пронајдена како се крие во токсичен облак од гас што лебди околу близината на срцето на Млечниот Пат.
Ако откритието се потврди, невидливиот титан ќе се рангира како втора најголема црна дупка што некогаш била забележана на Млечниот Пат по супермасивната црна дупка позната како Стрелец А* која е закотвена во самиот центар на галаксијата.
Јапонските астрономи ја лоцирале црната дупка преку телескопот Алма, на речиси пет илјади метри надморска височина на Андите во северно Чиле. Радио телескопот со висока резолуција им дозволил да го набљудуваат облакот, оддалечен 195 светлосни години од срцето на Млечниот пат.
Инаку, неодамнешните истражувања покажуваат дека супермасивните црни дупки се неопходни за создавање на галаксии, ѕвезди па дури и живот. Црните дупки е тешко да се пронајдат бидејќи се потполно црни, но во некои случаи тие предизвикуваат одредени ефекти по кои се препознаваат. Астрономите се надеваат дека црната дупка во Млечниот пат ќе даде одговор на многу клучни прашања околу кои се расправа со децении.