Доколку истуривте вода врз мобилниот телефон, не очајувајте. Дури и доколку целосно бил потопен во вода, можете да го спасите. Најважно е да реагирате брзо.
Доколку мобилниот не е водоотпорен, а сте истуриле вода врз него или ви паднал целосно во вода, за да го спасите треба што побргу да реагирате.
Извадете го смартфонот од вода што е можно побрзо.
Не паничете туку извадете го мобилниот од вода веднаш бидејќи колку подолгу стои во вода, толку повеќе ќе се оштети.
Доколку го оставите вклучен, може да предизвика краток спој. Со оглед на тоа дека бил во вода, може да претпоставите дека мобилниот е полн со вода без оглед на тоа што и понатаму работи. Не вклучувајте го повторно за да видите дали работи.
Извадете ја SIM картичката
Отстранете ги сите дополнителни уреди кои се поврзани или се наоѓаат во мобилниот, како што се слушалки или екстерна мемориска картичка.
Извадете ја SIM картичката и батеријата од мобилниот телефон и ставете ги да се сушат на пешкир.
За да откриете дали телефонот е оштетен, погледнете го индикаторот за оштетувања од вода. Тој се наоѓа во делот за батерија, зад батеријата или на самата батерија. Може да биде во правоаголна или кружна форма. Доколку сè е во ред, тој ќе биде во бела боја. Доколку ја смени бојата во црвено или розово, тоа е знак дека телефон е многу оштетен.
Исушете го телефонот што е можно повеќе
Мобилниот телефон може да го ставите во сад со ориз. Оставете го да стои 48-72 часа. Едноставно, во поголем сад ставете 900 гр. ориз, ставете го мобилниот и батеријата.
Оризот ќе ја извлече влагата која останала во уредот. На секој час свртувајте го мобилниот во друга положба со што ќе овозможите на водата која останала во различните делови од мобилниот за да најде пат да излезе од него.
Доколку чувате мачка, може да го искористите нејзиниот песок којшто има иста моќ како и оризот.