Почна со работа новата надградена верзија на онлајн услугите на ЕВН – evnonline.mk. Овие услуги на корисниците сега ги нуди компанијата „ЕВН Хоме“, која од минатата година е универзален снабдувач за електрична енергија.

Отсега, „Мој ЕВН хом“ покрај плаќањето фактурите без провизија, ги нуди и следните опции: плаќање на повеќе фактури одеднаш, регистрирање на повеќе места на потрошувачка на еден кориснички профил, регистрирање на едно место на потрошувачка во повеќе профили, преземање копии од фактури од последните 12 месеци и увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил.

Корисниците на досегашната услуга „Е-пункт“ ќе може да го користат „Мој ЕВН хом“ со истото корисничко име (електронската пошта) и лозинка, со што при првото логирање системот ќе им побара промена на лозинката.