SSD моделот 970 EVO Plus обезбедува значителни подобрувања во перформансите и енергетска ефикасност за широк опсег апликации.

Компанијата Samsung го претстави Samsung 970 EVO Plus – најновото дополнување на нивното портфолио на SSD уреди со NVMe (Non-Volatile Memory Express) протокол. Со своите водечки перформанси во индустријата и со капацитетот за зачувување податоци до два терабајти, Samsung 970 EVO Plus поставува нови стандарди за складирањето податоци со високи перформанси, овозможувајќи им на ИТ професионалците, љубителите на технологијата и “гејмерите“ лесно ​​да се управуваат со интензивните работни оптоварувања на персоналните компјутери и работните станици.

„Уште со претставувањето на првите SSD уреди со NVMe протокол на пазарот и пред потрошувачите во 2015 година, Самсунг продолжи да ги надминува техничките бариери во дизајнот и перформансите на “SSD” уредите за зачувување податоци. Новиот “970 EVO Plus“ со најновата петта генерација Ви-Хенд (V-HAND) технологија на Самсунг, овозможува незаменливи перформанси во својата класа кога станува збор за уредување на 4K содржини, 3D моделирање и симулација, како и играњето игри”, изјави д-р Мајк Манг, Потпретседател на Секторот за Маркетинг за Брендирање на Продукти во Samsung.

Со интегрирањето на најнапредните Ви-Хенд чипови на Компанијата со оптимизиран фирмвер, 970 EVO Plus постигнува значително подобрени перформанси – до 57% во брзината на пишување, како и зголемена енергетска ефикасност во споредба со својот претходник, 970 EVO. Новиот диск обезбедува секвенцијална брзина за читање и пишување до 3.500 мегабајти во секунда, односно до 3.300 мегабајти во секунда, додека брзината мерена по случаен избор достигнува до 620.000 влезни/излезни операции во секунда за читање (IOPS) и до 560.000 влезни / излезни операции во секунда за пишување.

Корисниците може лесно да ги надградат своите уреди бидејќи 970 EVO Plus доаѓа во компактен M.2 oblik користејќи PCIe Gen3x4 интерфејс како кај повеќето модерни компјутери. Новиот 970 EVO Plus, исто така, има и петгодишна лимитирана гаранција или гаранција до искористени 1.200 терабајти.

Самсунг уредот за зачувување податоци 970 EVO Plus е достапен со различни опции за капацитет – Моделите со 250GB, 500GB и 1TB капацитет се веќе достапни за купување низ целиот свет, а моделот со капацитет од 2TB ќе биде достапен за потрошувачите во април оваа година.

За повеќе информации, вклучувајќи и детали за гаранцијата, посетете ги веб страните: samsung.com/SSD или samsungssd.com