YouTube одлучи на корисниците дополнително да им ја олесни контролата над апликацијата, без разлика на тоа каков уред користат.
Новините се воведени во апликацијата за паметни теелфони, а сега корисниците ќе можат со глас да го пребаруваат она што ги интересира на YouTube, дури и кога мобилниот телефон е поврзан со телевизор.
Од компанијата соопштија дека овозможено е гледање на видеа во HD резолуција која се пренесува од Playstation 4 или Playstation 4 Pro уред.
Германските медиуми пренесуваат дека некои Android корисници забележале дека по ажурирањето, нивната YouTube апликација функционира како далечински управувач, кога сликата од мобилниот телефон ја пренесуваат на ТВ.