Египетските власти донеле одлука за привремена забрана на YouTube во земјата поради антиисламски видеа објавени во 2012 година, пишува Engadget.

Највисокиот суд во Египет пресудил и им наредил на официјалните лица да го блокираат онлајн видео сервисот во период од еден месец, вклучувајќи ги и линковските врски до видеата на платформата. Причина за ова е фактот дека YouTube во 2012 година дозволил објавување  видео со назив Innocence of Muslims (Невиноста на муслиманите).

Станува збор за краток клип во кој се појавува портрет на пророкот Мухамед, а истиот наиде на жестока критика во исламскиот свет. Поради ова, во 2013 година во Египет беше покренат случај со цел забрана на YouTube. Сепак, жалбата го одложи изрекувањето на пресудата за период од пет години. Меѓутоа, последната одлука е конечна и не може да се откаже, пренесуваат светските медиуми.

Од друга страна, YouTube се промени од 2012 година, па денес како платформа покажува повеќе волја за контрола и отстранување на снимките кои шират омраза. Затоа постапката на египетските власти претставува еден вид симболична казна.

Извор: B92.net