Google на сите начини пробува да го интегрира својот нов производ Меет во што повеќе свои услуги за да му парира на Zoom. Поради тоа, сега ја донесува Meet интеграцијата и на Gmail за iOS и Android.

На корисниците на Gmail на телефон нема да им биде потребна посебна Google Meet апликација за да се вклучат во разговорот, а Google одлучи да го уфрли Meet како посебно и прилично големо копче во долниот дел на Gmail интерфејсот. Доколку не го сакате, можете да го исклучите, но тоа морате да го направите во поставките.

Засега Google го направи Meet бесплатен за сите, но само привремено. Доколку ова унапредување се уште не ви пристигнало, може да очекувате во следните недели.