Позиционирањето на системот на камери кај претстојната Galaxy S11 линија смартфони беше предмет на голем број нагаѓања. Некои дојавувачи истакнуваат дека рендерите кои досега се појавуваа не го прикажуваат вистинскиот систем на сензори на камерите, а најновите фотографии кои ги објави OnLeaks имаат за цел тоа да го исправат.
Како што можете да видите, системот со четири камери на Galaxy S11+ моделот има три сензори од левата страна, како и еден дополнителен од десната страна, сместен заедно со LED блицот. Минатата недела, уште еден познат дојавувач (Ice Universe), исто така, го прикажа наводниот финален систем на камери за S11+, заедно со новата 9-1 Bayer технологија, која се користи за 108MP главен сензор на телефонот.
Покрај ова, добивме и одредено појаснување кога се во прашање конкретните сензори, па така во горниот лев агол на модулот имаме ултраширок сензор, кој е сместен над главниот 108MP сензор, под кој се наоѓа перископ камера со поддршка за 5X оптичко зумирање. Тоа значи дека четвртиот сензое е ToF (Time odf Flight).
Samsung Galaxy S11 линијата смартфони се очекува да биде претставена на 11. февруари во Сан Франциско, а дотогаш се очекуваат уште информации за телефоните од оваа серија.
Поврзани артикли