Европската воздухопловна мрежа ќе овозможи безжично поврзување на Интернет во текот на летањето со брзина од 75 Mbit/s. Патниците ќе можат да ги користат социјалните мрежи, да споделуваат фотографии и да преземаат широкопојасни содржини.

Deutsche Telekom и Inmarsat заедно со Nokiа го положија првиот камен-темелник во развојот на Европската воздухопловна мрежа (EAN), првиот светски интегриран сателит преку фреквенциски појас од S и комплементарна земјена мрежа која се базира на технологијата LTE и е изградена за Европа.

Со структура од околу 300 базни станици во сите 28 држави-членки на ЕУ, како и во Швајцарија и во Норвешка, EAN стана првата LTE мрежа интрегирана на ниво на Европа.

„EAN е првото наменско решение за поврзување во авионите во рамките на кое ефикасно се комбинираат компонентите во вселената и на Земјата и со кое ќе се надминат традиционалните ограничувања на Интернетот за време на летањето“ изјави Фредерик ван Есен, виш потпретседател за воздухопловство во Inmarsat.

Комплетирањето на мрежата следуваше откако Inmarsat минатото лето успешно го лансираше сателитот EAN, кој потоа беше тестиран во орбитата на Земјата и е оперативен од септември 2017 година. ЕAN овзоможува безично конектирање над Земјата и на патниците во авионите им овозможува широкопојасни услуги со брзина поголема од 75 Mbit/s.

Целта е EAN да ги исполни сегашните и идните потреби на патниците во авионите во текот на летовите. Во тој поглед ќе помогне тоа што интегрираната земјина LTE мрежа оже да се надградува. Технологијата досега е тестирана на неколку летови за да се провери работата на интегрираниот сателит и комплементарната LTE мрежа. Тестирањата покажаа дека EAN ги дава резултатите за кои е осмислен и досега покажува најмало доцнење од помалку од 100 милисекунди.

Мрежата ќе биде достапна за комерцијална употреба од првата половина од годинава. Авиопревозниците ќе можат брзо и едноставни да ја инсталираат малата и лесна опрема за EAN.