Во Русија штотуку започна тестирањето на нуклеарниот мразокршач „Арктик“, за кој експертите велат дека е најмоќниот руски брод од ваков вид во светот, а се прават уште два – „Сибир“ и „Урал“, кои ќе обезбедат пловидба во Северното Море во текот на целата година.
Првата фаза на тестирањето на „Арктик“ започна на 12 декември, а целосното тестирање треба да заврши до мај 2020 година. Како дел од првата фаза на тестирање, успешно беше проверена работата на резервните дизел мотори, а бродот постигна самостојна брзина од 6 јазли.
„Ова е брод предводник, нуклеарен мразокршач на следната генерација, во моментов најмоќен во светот. Неговата сила ќе му овозможи да пробие мраз со дебелина од 3 метри, што е многу важно. Може да предводи карани по мраз практично во текот на целата година, а ќе биде пуштен во работа во блиска иднина. Потоа, во вода ќе бидат спуштени уште два руски мразокршачи на нуклеарен погон, кои ќе пловат низ Северното Море“, изјави рускиот воен експерт Василиј Дандикин за „Спутник“.