Иако човештвото прави напори за истражување на вселената и испитува дали е можно да има живот на другите планети во нашиот Сончев Систем, засега животот каков што го знаеме е можен само на Земјата.

Можеби Елон Маск сонува дека наскоро сите ќе живееме на Марс, но ние како биолошки суштества, во оваа форма, не сме создадени да живееме на друго место освен на Земјата.

Какви ви се „шансите“ за преживување на другите планети, прочитајте подолу.

Меркур

На страната свртена кон Сонцето е екстремно жешко (427°C кога е најжешко). На спротивната страна е смрзнувачка од -179°C кога е најладно. Некаде на средина можеби ќе преживеете онолку долго колку што можете да го задржите здивот.

Венера

На температура од 482 степени Целзиусови, знаете дека нема да биде баш најпријатно. На Венера има речиси иста гравитација како на Земјата, па би можеле да „прошетате“, додека не испарите.

Марс

На Марс е многу ладно, но воздухот е многу редок, па нема да го почувствувате интензитетот на студот како на Земјата при иста температура. Со многу, многу, многу топла облека можеби и би можеле да прошетате на површината на Марс, додека можете да го држите здивот.

Јупитер

Имајќи предвид дека е гасовита планета, „животот“ на Јупитер би бил исклучително непријатен. На оваа џиновска планета ќе си умрете од притисок, буквално.

Сатурн, Уран и Нептун

Прочитајте погоре. Исто како во случајот со Јупитер, потребна е помалку од една секунда да ве „здроби“ притисокот на гасовитите џинови. Не, нема да најдете спас ни на некој од прстените на Сатурн.

Земја

Благодарение на прекрасниот кислород во нашата атмосфера, на храната и водата и сѐ друго што ја прави оваа планета погодна за живеење за човекот, може да добиете добри 80 години, во просек. Може да живеете и подолго, ако сте родени и живеете во „сина зона“, едно од неколкуте места на планетата Земја каде луѓето имаат подолг животен век од останатата популација.

Извор: Index.hr