Камерата „FrontRow“, сокриена во кружниот привезок на ѓерданот, е прилично иновативен производ.
Како и пaметните телефони, „FrontRow“ има предна од 8 и задна камера од 5 мегапиксели. Таа има димензии на рачен часовник, а со паметен телефон е поврзана со сопствена апликација.
Нејзиниот кружен екран е чувствителен на допир, а импресивната батерија овозможува долготрајно користење, па на неа можно е емитување на пример на пренос во живо (livestrem) на спортски настан.
Производителот, американската компанија „Ubiquiti“, наведува дека камерата поддржува видеостриминг на „Twitter“, „Facebook“ и „YouTube“.
Камерата, исто така, може да се интегрира со сервисите како што се „Dropbox“ или „Spotify“, поради складирање на податоците и репродукција на музика.
Овој уред, барем по карактеристиките, изгледа многу интересен. Но дали ќе му се најде вистинската употребна вредност, останува да се види.
Особено, кога ќе се знае дека нејзината цена е 399 долари.